Промената на кариера не секогаш значи дека треба да започнеш од нула. Многу од вештините што веќе ги користиш на работното место можат да бидат корисни и во dispatching, дури и ако досега немаш работено во транспортна индустрија.
Комуникација со клиенти, организација на повеќе задачи, работа под притисок, преговарање и решавање проблеми се само дел од вештините кои имаат голема примена и кај dispatcher-ите.
Затоа, ако размислуваш за промена на професијата, можеби веќе имаш дел од потребната основа.
Искуството во customer service може да биде голема предност за dispatcher.
Секојдневната комуникација со различни луѓе те учи како да слушаш, како да ги разбереш потребите на соговорникот и како да реагираш кога клиентот не е задоволен.
Во dispatching овие вештини се применуваат во комуникацијата со возачи, брокери и клиенти.
Луѓето со искуство во продажба веќе имаат развиено една од важните вештини во dispatching: комуникација и преговарање.
Преговарањето за подобра цена на товар, градењето односи со брокери и презентирањето на понудата бараат сигурност, јасна комуникација и способност да ја препознаеш вистинската можност.
Административното искуство исто така може да биде одлична основа.
Работа со документи, внесување податоци, следење рокови, организирање информации и внимание на детали се дел од секојдневието на еден dispatcher.
Ако веќе си навикнат/а да работиш организирано и систематски, тоа може значително да ти помогне при преминот во оваа професија.
За оние кои веќе имаат искуство во логистика или транспорт, преминот може да биде уште поприроден.
Познавањето на транспортните процеси, документацијата и начинот на функционирање на индустријата може да ти помогне побрзо да ги совладаш dispatcher обврските.
Сепак, директното искуство во dispatching не е единствениот пат до оваа професија.
Дури и ако твојата моментална професија нема директна врска со транспортот, можеби веќе поседуваш вештини кои се важни за dispatcher.
Ако работата ти бара истовремено да следиш повеќе задачи, да комуницираш со различни луѓе, да почитуваш рокови и брзо да реагираш на промени, веќе имаш дел од основата.
Една од најголемите заблуди е дека за да започнеш како dispatcher мора претходно да имаш долгогодишно искуство во транспортната индустрија.
Во реалноста, многу од клучните вештини можат да се пренесат од други професии. Она што треба дополнително да го совладаш се специфичните знаења поврзани со dispatching, транспортниот процес, терминологијата, алатките и комуникацијата со учесниците во индустријата.
Токму затоа, структурирана обука може да биде корисен начин да ги поврзеш вештините што веќе ги имаш со новата професија.
На Continental Dispatch Academy, студентите се запознаваат со практичната страна на dispatching и со процесите со кои ќе се сретнат во реална работа.
Ако размислуваш за промена на кариерата, можеби вистинското прашање не е „Дали имам искуство во dispatching?“, туку „Кои од моите досегашни вештини можам да ги искористам за да изградам успешна кариера како диспечер?“