Со обуката за US trucking сметководство за 8 недели ќе научиш да ги водиш книгите на американски превозник во QuickBooks Online - од прва фактура до месечен извештај.
За сите што сакаат да работат во сметководство и финансии за американски trucking компании, без разлика дали доаѓаш од сметководство или од диспечирање. Обуката е целосно посветена на американското сметководство: сè што учиш е за книгите на американски превозници.
Твоето сметководствено знаење е најдобрата основа. Ние ги додаваме US GAAP, правилата на IRS и QuickBooks Online, за да можеш да го примениш и на американскиот пазар.
Rate Con, BOL и POD веќе ги знаеш. Сега учиш што се случува со турата откако ќе биде испорачана и како турата станува пари.
Дознај колку навистина заработува камионот, cost per mile, operating ratio и break-even, и донесувај подобри одлуки за турите.
Работа во сметководство и финансии за американски превозници, што македонските компании ја вршат од тука.
Категоризираш трансакции, ги усогласуваш банката и картичките и го затвораш месецот во QuickBooks Online.
Фактурираш тури, работиш со factoring и ја следиш наплатата.
Ги плаќаш сметките за гориво и сервис и ги исплаќаш возачите и owner-operators.
Ги следиш милјите и горивото по држава и ја подготвуваш кварталната пријава.
По завршувањето добиваш целосна поддршка во процесот на вработување, од препораки до партнер-компаниите на CDA до подготовка за интервју. Во последната недела го подготвуваме твоето CV, ги вежбаме прашањата за интервју и термините на англиски, а завршната проверка во QuickBooks ти останува како доказ за работодавачот.
Ова не е општа обука за сметководство, туку обука за US trucking сметководство, за една конкретна работа: да ги водиш книгите на американски превозник.
Диспечерот ја заработува турата, сметководството ја претвора во пари.
Секој пример, документ и вежба е од американски превозник: linehaul, detention, factoring, settlements, IFTA. Учиш токму она што го бараат огласите.
Секоја средба има два часа: во првиот го учиш правилото, во вториот истото го внесуваш во QuickBooks Online, на бесплатна корисничка сметка. Не гледаш демонстрација - работиш сам/а.
Недела по недела ги полниш книгите на Vardar Freight LLC, фиктивен превозник со 3 камиона од Dallas, направен за обуката. На крајот имаш водено цели книги, од првата тура до затворен месец.
CDA веќе обучува диспечери и соработува со компании што работат за американски превозници. Сметководството го учиш од истите документи што ги користи диспечерот, а по обуката добиваш поддршка при вработување преку истата мрежа.
Не се добива за присуство. На завршната проверка самостојно водиш една недела на превозник во QBO, а за сертификат ти треба најмалку 75 %.
Една онлајн средба неделно, од 12:00 до 16:00: два часа од по 120 минути и една тема.
Фиктивен превозник за вежби. Неговите книги ги полниш од недела до недела - со Rate Con, BOL, фактури, fuel card изводи, ELD милји и банкарски извод.
Практични вежби со клучеви за проверка.
Демо од предавачот:
CDA апликација со:
Секој час трае 120 минути. Првите две недели се основите на американското сметководство. Од третата недела секоја тема тргнува од документ што диспечерот веќе го знае и завршува со книжење и проверка во QBO.
Ги учиш US GAAP, cash и accrual, debit/credit и трите финансиски извештаи, на примери од превозник.
Го поставуваш Vardar во QuickBooks Online и водиш циклус од документ до бруто-биланс.
Фактурираш тура со accessorials, примаш уплати и ја следиш наплатата.
Книжиш factoring со reserve и short pay и ја усогласуваш банката.
Внесуваш и плаќаш сметки, водиш 1099 и ги усогласуваш fuel card и деловната картичка.
Книжиш плата за company driver и settlement за owner-operator со escrow.
Пресметуваш IFTA и книжиш камион купен на кредит со амортизација.
Затвораш месец, пресметуваш cost per mile и operating ratio и самостојно водиш една недела на Vardar. Плус: подготовка за вработување - CV, прашања за интервју и термини на англиски.
Над 20 години во сметководство, банкарство и логистика, од Стопанска банка Скопје до DSV, една од најголемите светски компании за транспорт и логистика. Денес во Abacus Ratio развива сметководствени системи и финансиски извештаи за норвешки и меѓународни компании. На обуката ти покажува како изгледа таа работа во практика, од првото книжење до извештајот што го добива клиентот.
На завршната проверка добиваш една недела на Vardar Freight во QBO - 3 тури, factoring со reserve, оспорен detention, settlement за O/O и fuel card извод со една грешка. Ги доставуваш книжењата, усогласувањата, бруто-билансот, KPI и краток извештај на англиски.
Плаќање во готово или на рати - ти избираш.
Снимен курс со транспортна терминологија и 2 часа 1:1 со ментор, за да започнеш подготвен/а.
Научи како се наоѓа, букира и води турата - 8 недели, онлајн или во тренинг центарот во Скопје.
Најди ги одговорите на најчестите прашања за обуката за US Accounting.
Сакаш да дознаеш повеќе? Можеш да не контактираш во било кое време на [email protected]
Не. Обуката е создадена за економисти и книговодители без US искуство и без QuickBooks Online, како и за дипломци од CDA Диспечер обуката и активни диспечери. Сè учиш чекор по чекор, на примери од trucking.
Основно знаење на Excel и англиски јазик на ниво B1, компјутер и стабилна интернет врска. Ако англискиот ти е слабата точка, почни со нашиот курс Англиски јазик за диспечери.
Не. Првите вежби се во бесплатниот QuickBooks Online Test Drive на Intuit, а книгите на Vardar Freight ги водиш во бесплатната корисничка сметка за сметководители Intuit Accountant Suite (Core) или во пробна верзија на QuickBooks Online.
Една онлајн средба неделно, од 12:00 до 16:00: два часа од по 120 минути и една тема. Во првиот час го учиш правилото на пример од Vardar Freight и правиш рачна вежба во Excel, а во вториот истото го внесуваш и проверуваш во QuickBooks Online. Домашната се задава по секоја средба.
Оценувањето е: 3 теста (30%), домашни (20%) и завршна проверка во QBO (50%). Со најмалку 75% добиваш дигитален CDA сертификат „US Accounting со QuickBooks Online (Trucking)“ - во ист формат како за Диспечер обуката.
Да. Ги користиме истите документи (Rate Con, BOL, POD) и истиот начин на работа. Диспечерот ја заработува турата, а сметководството ја претвора во пари - сега ја учиш и другата страна.
Не. Обуката те подготвува за bookkeeping и back-office позиции. Даночни совети во САД даваат CPA, Enrolled Agent или адвокат (Circular 230) - а ти ќе знаеш како да им ги подготвиш книгите.
Цел месец по завршувањето на обуката имаш поддршка од нашиот тим за прашањата што ќе ти се појават. Плус поддршка при вработување: CV, подготовка за интервју, термини на англиски и препораки до партнер-компаниите на CDA.
Резервирај место во првата група и за 8 недели научи да ги водиш книгите на американски превозник во QuickBooks Online.